Сорос ја сели канцеларијата од Будимпешта во Берлин

„Фондацијата отворено општество“ на американскиот милијардер Џорџ Сорос ќе ја затвори канцеларијата во Будимпешта и ќе ја отвори во Берлин, најавија денес од фондацијата.

Одлуката канцеларијата да се пресели од Будимпешта е направена затоа што унгарската влада се подготвува да воспостави дополнителни ограничувања на невладините организации преку пакет закони означени како „Стоп Сорос“, се вели во соопштението, објави Ројтерс.

Се очекува дека овој закон ќе биде меѓу првите кои ќе бидат одобрени од страна на парламентот по формирањето на новата влада. Унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе долго време се бори да ја протера организацијата Сорос од земјата.

Орбан го обвини Сорос на злонамерна политика и најави акција против невладините организации со донесувањето на законот, кој беше наречен „Стоп Сорос“.

Владата на Унгарија ја наклевети и погрешно ја презентираше нашата работа и изврши репресија врз граѓанското општество за политички поени, со примена на тактики без преседан во историјата на ЕУ, изјави Патрик Гашпар, претседател на Фондацијата отворено општество.

Од кабинетот на Орбан вчера изјави дека нацрт-законот за невладините организации ќе биде заострен по изборната победа на владејачката партија минатиот месец.

Фондацијата Отворено општество ќе продолжи да ја поддржува работата на граѓанските групи во Унгарија во однос на прашањата како што се човековите права, уметноста и културата, слободата на медиумите, транспарентноста, образованието и здравствената заштита, велат од фондацијата.

Во соопштението се додава дека организацијата “ќе ги искористи сите законски средства за одбрана на фундаменталните права кои се загрозени од горенаведениот нацрт-закон”.

Со оваа одлука се утврдува дека министерот за внатрешни работи е овластен да ја забрани секоја невладина организација активна во сферата на имиграцијата, за која смета дека е “ризик за национална безбедност”.
Исто така, ќе се воведе и 25 отсто данок на донациите на невладини организации за поддршка на миграцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.