СОРОС плаќал за уривање на Југославија, сега плаќа за уривање на Владата на Вучиќ

Озлогласениот американски тајкун Џорџ Сорос, човекот кој стои зад т.н. Шарени револуции во Источна Европа, бескрупулозниот милијардер кој е одговорен за крвавата војна во Украина, не жали пари за и Србија да ја турне во тотален хаос. Имено, Сорос од 2011 до 2014 година преку разни невладини организации, новинари , но и судии, тужители и факултети во Србија, исплатил точно 391. 940.146 динари што е по курсот кој важел за време на отплатата речиси 4 милиони евра. Најголем дел, речиси две третини од тие пари, е исплатен во текот на 2013 и 2014 година по доаѓањето на Александар Вучиќ на власт, објави webtribune.rs.

Иако Сорос парите официјално ги уплатил за “развој на демократијата” и “унапредување на граѓанското општество јасно е дека милионите се исклучиво наменети за уривање на Србија како држава и доведување на власт американски марионети. Списокот на Соросови платеници во Србија е откриен откако хакерите влегле во компјутерскиот систем на американскиот тајкун и на тој начин дошле до повеќе од 2.500 ,,строго доверливи документи”. Од 2011 до 2014 година одобрени биле вкупно 263 проекти , а огромни пари добиле Центарот за културна деконтаминација „Борка Павичевиќ”, Хелсиншкиот одбор за човекови права Соња Бисерко, фондот за хуманитарно право „Наташа Кандиќ” и медија центарот „Вукашин Обрадовиќ”.

Како што објави webtribune.rs тука се исто така и фондот ,,Ана и Владе Дивац”, фондот Б92 „Веран Матиќ” и Центарот за евроатлански студии „Јелена Милиќ”, меѓутоа посебна причина за загрижување е фактот што на Соросовиот платен список се наоѓа друштвото на судии во Србија и здружението на јавни тужители и заменици јавни тужители во Србија. Тие од американскиот тајкун добиле 5.152.000, односно 7.294.500 денари , интересно е тоа што најмногу пари Сорос исплатил во текот на 2013 и 2014 година и тоа на оние проекти кои се директно насочени против премиерот на Србија, Вучиќ и Владата во Србија.

Така до изборите во мај 2012 година и моментот кога коалицијата предводена од СНС ја презеде власта, американскиот тајкун за 24 проекти дал 76 175 615 динари од моментот кога Вучиќ дојде на власт овие суми драстично се зголемиле па исплатената сума за 2013 и 2014 година изнесува огромни 315.764.531 динари. Значајни грантови во тој период добиваат неделникот „Време” и дневниот весник „Данас”. Уредникот на „Нов стандард”, Жељко Цвијановиќ, потенцира дека листата на Соросовите уплати за Србија е сериозен аларм.

-Ако земеме предвид дека од 2011 до денес за проекти во Србија инвестирал околу 4 милиони евра тоа значи дека најдоцна до тогаш формирани биле и плановите за ,,завршување на работата” на Балканот, и како тие намери еуфемистички ги нарекувале американските функционери , подвлече Цвијановиќ додавајќи дека благодарение на уплатите во Србија како на дланка може да ја видиме Соросовата широка мрежа.

Јасно е колку таа мрежа длабоко навлегла во српската култура и образование ,а не само во невладиниот сектор. За тоа време гледаме низа од организации кои соработувале и во континуитет соработуваат со владата во Србија.

Уверен сум дека дистанцирањето на денешната влада од тие организации е чекор кој мора да претходи до сите наредни во борбата против Соросовите намери во Србија.

Уредникот на Печат Милорад Вучевиќ, наведува дека оваа сума е втора голема Соросова инвестиција во Србија.

– Првата беше за време на Милошевиќ кога плаќаше за рушење на Југославија. Оваа сега служи за разбивање на Србија. Сорос ги финансираше луѓето во 90-тите кои и ден-денес се наоѓаат на неговиот платен список а гледаме дека има и некои нови. Тие корупционери работат директно против Србија – нагласува Вучевиќ.