понеделник, 24 април 2017  |  Вести денес: 1

Сорос повторно со злобни намери во македонската борба за власт

армија

Поврзани вести

Претходно пишував за тоа како наездата на Џорџ Сорос во Стејт Департментот се обидува да ја наметне својата воља во Албанија.

За жал проблемот метастазира како зараза на канцер, заканувајќи се со уништување на конзервативни влади низ целиот Балкан.

Последната суверена земја каде американски амбасадор ја помина црвената линија за да ја поддржи агендата на левите сили е Македонија, каде конзервативците се во речиси смртна игра против сега веќе наречената „соросова армија“, во обидите да се состави нова влада. Резултирањата со победа на сојузниците на Сорос, милијардерскиот патрон на левите каузи во САД и ширум светот, ќе бидат нови бранови на неконтролирана исламска миграција во комбинација на останатите „прогресивни“ политики на темниот император Сорос и неговиот сит лорд Барак Обама.

„Џудишл Воч“, позната по своите неуморни истраги за корупција за време на владеењето на Барак Обама, неодамна напиша брилијантна анализа под наслов: „Владата на САД тивко потроши милиони долари од џебовите на американските даночни обврзници за да ја дестабилизира демократски избраната центарско-десничарска влада во Македонија преку здружување со левичарскиот филантроп Џорџ Сорос“.

Од „Џудишал Воч“ велат дека Џес Бејли, изборот на Обама за амбасадор во Македонија, „работел зад сцена со Соросовата фондација ’Отворено општество’ за да внесе огромна сума американски долари за нивната кауза, со што се потврдува мешањето на американски амбасадор во внатрешните работи на друга земја и се прекршува Виенската Конвенција за дипломатски односи“.

Секој оној, кој е запознат со неодамнешната историја на Балканот, знае дека целиот тој регион е испреплетен со секакви фракции и страни, кои се во меѓусебна борба од време на време, во изминативе неколку векови. Последните фракциски средини кои беа измислени од САД, за да може да се протурка соросовата агенда, беа Ирак и Сирија. Тие операции не го дадоа посакуваниот резултат, а Европа сеуште ја плаќа цената во вид на милиони имигранти кои го преплавуваат континентот помогнати од Сорос и Обама. Ова сценарио може повторно да се одигра ако левите Социјал-демократи, поддржани од албанските етнички партии успеат да дојдат на власт по неодамнешните избори во Скопје.

Неколку експерти по право од САД се загрижија за кризата во Македонија, но новото лидерство на Стејт Департментот не се движи со доволно голема брзина. Како што Демократите ја успоруваат агендата на Трамп, спречувајќи ги луѓето кој ги назначил новиот претседател на САД, да дојдат до своите позиции на моќ, нивната стратегија излегува на виделина – да се поткопа конзервативното движење ширум светот колку што е можно повеќе се’ додека не бидат заменети.

Седум претставници од Републиканците, вклучувајќи ги Кристофер Смит од Њу Џерси, Роберт Адерхолт од Алабама и Трент Франкс од Аризона, напишаа писма до врвот на САД изразувајќи загриженост за сомнителното трошење на американски долари во Македонија.

Чувме издржани извештаи дека во текот на изминатите две години, „Американската Мисија во Македонија“ активно се мешала во партиската политика на оваа земја како и во обликување на медиумскиот простор и граѓанско општество на еден недоличен партизански начин. Според информациите кои ги добивме, вмешувањето се состоело од фаворизирање на одредени партии, медиуми и невладини организации кои се лево или централно-лево ориентирани, велат републиканците.

Се чини јасно дека Амбасадорот Бејли ги прекршил правилата. Тој и неговите вработени треба да се отстранат во најскор можен рок. Новиот секретар на државата Рекс Тилерсон треба што поскоро да започне со вадење на плевелот оставен од Обама на Балканот и во Источна Европа, каде што почвата е особено плодна за соросовата армија која сака да го шири своето влијание и да причинува човечка штета низ целиот регион на начин на кои што бевме сведоци во Шведска, Германија, Велика Британија и на други места.

Зарем не видовме доволно од скапаните плодови од соросовите планови ширум светот? Зарем не видовме доволно смрт и деструкција? Зарем не видовме доволно војни? Зарем не видовме доволно како деца умираат? Семињата за уште поголемо патење сеуште се сеат од соросовата армија во Источна Европа и на Балканот.

Америка треба да си го врати епитетот „извор на светлина и надеж во светот“, а не да биде „уништувачот на општества преку богатството на неколку манипулативни, мажи и жени со погрешни идеологии“.

Потребна е акција, уште од вчера!

Тод Вуд за „Вашингтон Тајмс“

Најчитани вести