среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 58

Сорос прави бесрамна интервенција во изборите во Македонија заканувајќи се со немири

soros1

Последни вести

Опозицијата е марионета во рацете на Џорџ Сорос за остварување на западните интереси во Македонија. Во пресрет на предвремените парламентарни избори во април, оваа теза се повеќе се пласира во грчката јавност,  јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Повикувајќи се на информации од руските и американски колеги, неколку грчки портали објавуваат дека Сорос прави бесрамна интервенција во работата на Владата и во изборите во Македонија, со цел во земјата да постави марионетска влада која што ќе ги спроведува неговите “проекти”.

soros

“Познатиот инвеститор Џорџ Сорос има голема опсесија со Русија и лично со претседателот Владимир Путин. Тој буквално ја мрази оваа земја затоа што му ги “расипува” проектите во Европа, на Балканот, а особено во бј Р Македонија”, се вели во текстовите објавени од Triklopodia, Pentapostagma и Voice news.

Грчките портали објавуваат изјава на Сорос дадена во рамки на неодамнешната Безбедносна конференција во Минхен, во која што случувањата на Балканот ги споредил со Украина, тврдејќи дека Русија имала се помалку влијание во западен Балкан.

“Како пример, Сорос ги посочи анти-владините протести во БЈР Македонија во 2015 та. Според него, овие настани може да бидат споредени со настаните во Украина во 2014 та, но во оваа критична ситуација, спасувачко било влијанието на Европа. Сорос кажа дека под влијание на Европа, бј Р Македонија има можност да докаже дека има демократска влада и дека може да одржи фер и демократски избори. Неговото внимание е насочено кон изборите поради очигледни причини. Ова е грубо мешање во работата на актуелната влада, која што подготвува избори поради “обвинувањата” дека е пријателски настроена кон Русија. Ова не е прв пат тајкунот  во провокативен манир да се меша во внатрешните работи на други земји”, се вели во текстот на Pentapostagma.

Истиот портал неодамна објави и анализа на американскиот експерт и издавач на списанието Executive Intelligence Review, Џеф Стајнберг, кој што вели дека користејќи го параванот на т.н. “отворено општество”, преку широката мрежа на невладини организации, Сорос врши дестабилизација на владите во традиционалните религиски и политички системи низ целиот свет. Стајнберг информира дека Сорос воопшто не се интересира за добротворни цели и дека затскривајќи се зад нив, тој промовира Обоени револуции низ целиот свет. Pentapostagma потсетува дека руските судови го прогласија институтот на Џорџ Сорос, заедно со неколку други организации, за непожелни во Русија.

Најчитани вести