Сорос предупредува на улични протести и глобална класна војна

Американскиот милијардер и инвеститор, Џорџ Сорос предупредува на избувнувањето „улични протести и глобална класна војна“ доколку падот на економските активности резултира со „период на погрешност, или измамливост“, пишува МИА.
Во разговор за неделникот „Њузвик„ 81 годишниот Сорос признава дека за прв пат во неговата кариера  е збунет од сегашните состојби на пазарот и не гледа начин како да се спречи една „криза со насилства„ која би можела да избувне, ако дојде до целосен колапс на финансикиот систем.
Сорос кој е познат како инвеститорот што во 1992 година  ги „кутна на земја„  Банката на Англија и фунтата, сега сугерира лидерите на ЕУ да го спречат колапсот  на Грција, затоа што во тој случај колапс би можело да доживее и еврото, а тоа да повлече „страшни последици„ за останатиот свет.
„Еврото мора да преживее, затоа што алтернативаната на тоа е крахот, кој ќе предизвика „растопување„ на Европа, што светот не ќе може да го спречи.Ситуацијата е толку сериозна и тешка, каква што јас не паметам во мојата кариера„- вели Сорос за американскиот неделник.
Светот се соочува со едни општо намалување на издвојувањата во развиениот свет, па според овој американски инвеститор и финансиски експерт, најдоброто сценарио се дефлаторските движења, а најлошото- колапс на финанскиот систам.
Во едно такво сценарио, насилствата на улиците се неизбежни, доколку невработеноста и проблемите со задолженоста продолжат да бидат присутни.Сето тоа,  ќе предизвика класна војна од пошироки размери, што ќе доведе до уривање на човековите права и слободи и до создавање полициски држави, проценува Џорџ Сорос, во разговор за „Њузвик“.