Сорос се декларира за Бог, а Тимотеј за негов портпарол?

Владиката Тимотеј во изјава за Плусинфо го нападна отецот Ивица Тодоров од скопската епархија на МПЦ-ОА поради неговиот став против милијардерот Џорџ Сорос.

Отецот Ивица Тодоров на својот Фејсбук профил го елаборираше прецизно својот став за начинот на делување на Сорос и неговата пропаганда, цели и интереси, пишува „Курир“,

-Целта е морална и генетска мутација, да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнење на духовните, менталните, интелектуалните и личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештвото. Тоа е процес на зомбирање, формирање на форми без суштина, личности без Богоцентричен светоглед, а со препознатлив нихилистичко огревовен светоглед. Таквите “личности” се себецентрични, односно дрски егоисти и себеугодници. Како такви стануваат “топовско месо” на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се “фактор”, дека се’ им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!, напиша Отец Ивица.

ivica-todorv fb

Тој додава и дека „сето ова се случува затоа што во секоја човечка душа, ум, срце и волја одамна се води започната духовна војна која има за цел да го истисне од секој човек се’ она што му е дарувано од Творецот, од Небесниот Отец, а и да го истисне и сето она што му овозможува на секој човек да биде остварен човек, односно Богослично битие, не Сатанослично губре.“

За овие зборови на Отец Тодоров против Џорџ Сорос, порталот на СДСМ/Сорос Плусинфо кој редовно пренесува колумни и од т.н. владици на антимакедонската расколничка црква на Јован Вранишковски, побарал став од Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, Владиката Тимотеј.

vladika timotej plusinfo

-Моментално сум во Австралија и не сум во тек со лудориите на Тодоров, бил одговорот на Владиката Тимотеј, нарекувајќи ги лудории коментарите на Отец Ивица Тодоров во кои го напаѓа Џорџ Сорос.

Плусинфо на Бранко Героски се надоврзува на коментарот на Тимотеј, дополнувајќи дека Отец Тодоров од скопската епархија отворено, како свештеник, се ставил во служба на државната хајка против „соросоидите“.

Она што е нејасно е дали ваквиот коментар на Тимотеј може по истиот аршин да се протолкува и како ставање во отворена служба на хајката на СДСМ/Сорос против власта преку нивните гласила како Плусинфо во кое простор добиваат и луѓе на Вранишковски. Исто така е нејасно дали Тимотеј со ова се става и во отворена служба на вредностите кои ги промовира Џорџ Сорос и неговата мрежа на невладини организации.

Сорос за себе смета дека е Бог, ја промовира и финансира ЛГБТ заедницата и невладините организации кои поддржуваат абортус.

-Се сметав себеси за некој вид на Бог. За волја на вистината, носев со мене некои потентни месијански фантазии со мене уште од детството, за кои мислев дека мора да ги контролирам, во спротивно имав чувство дека може да ме внесат во проблеми, ова за себе го напиша милијардерот Џорџ Сорос.

soros bog

„Сигурно е некој вид на болест кога се сметаш себеси за некаков Бог, создател на се’, но се чувствувам комфортно со себе, откако научив да живеам со тоа“, дообјаснува Сорос.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.