Свет

Сорос се нафрли на Трамп, Путин, социјалните мрежи, биткоинот

Сорос се нафрли на Трамп, Путин, социјалните мрежи, биткоинот

Американскиот берзански шпекулант и милијардер од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос во неговото „шоу“ на Светскиот економски форум во швајцарски Давос во четвтокот напаѓаше секого и сешто, од владата на американскиот претседател Доналд Трамп, преку социјалните мрежи до криптовалутата биткоин.

Додека американскиот претседател беше домаќин на вечерата за бројни бизнис лидери, Сорос шеташе на разни други настани во Давос, зборувајќи за „различните закани со кои се соочуваат западните демократии“, во кои ја вбројува и администрацијата на Трамп.

Како и минатата година, 87-годишниот милијардер Џорџ Сорос се нафрли на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ја „опасност за светот“.

Сорос го нарече Трамп „привремен феномен“, кој ќе исчезне до 2020 година, ако не и порано. „Во САД. претседателот Трамп сака да воведе мафијашка држава, но не може“, рече Сорос.

Додаде дека Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се „подготвени да ризикуваат нуклеарна војна за да се задржат на власт“.

Ја нападна и Русија, „мафијашката држава“ на нејзиниот претседател Владимир Путин кого го нарече „диктатор“, во салата за приеми во суперлускузен хотел во монденскот зимско одморалиште во швајцарските Алпи.

Пред присутните зафатени со пренесувањета на неговите зборови по социјалните мрежи, Џорџ Сорос ги нападна и технолошките гиганти како „Internet“, „Facebook“ и „Google“.

Нив ги опиша како „постојано сé помоќни монополисти“ коишто би можеле да дојдат во искушение да се поврзат со „авторитарните режими“ поради создавње „тоталитарна мрежа којашто не би можеле да ја осмислат ниту Олдост Хаксли или Џорџ Орвел во нините романи ’Храбар нов свет’ и ’1984’“.

„Давос е добро место за објава дека нивните денови се одброени“, изјави Сорос истовремено кога споменатите гигнати во Давос испратија армија свои претставници.

На прашањето за буткоинот, рекол дека „тоа не е валута“ коментирајќи дека нејзиниот чест раст е „типичен меур од сапуница“. Не верува, меѓутоа, во „стрмоглав пад“ на биткоинот, попрво во постепен.