Сорос спаси 50 милиони долари

Поранешната блиска пријателка на американскиот финансиски магнат Џорџ Сорос, бразилската телевизиска ѕвезда Адриан Ферејр, не успеа да ја добие на суд тужбата од 50 милиони американски долари, која таа ја поднесе за нанесена болка и неисполнето ветување. да ѝ купи апартамент.

Дамата, која сега има 30 години, тужбата до судот ја поднела во летото 2011 година, повредена бидејќи Сорос и’ ветил дека ќе и купи луксузен стан, но не го сторил тоа.

Сорос, со кого таа се гледала неколку години, и’ ветил апартман во Менхетн, вреден 2 милиони долари. Во август, 2010 година, тој и’ рекол дека таа сепак нема да го добие апартманот и дека ќе и го даде на друга жена – Тамико Болтон, за која подоцна и се ожени.
Во тужбата Ферејр навела дека кога разбрала дека нема да го добие лускузниот стан, се скарала со Сорос и дека тој во караницата ја удрил силно, а потоа почнал и да ја дави.

Со тужбата, Бразилката од судот барала да и досуда оштета од 50 милиони евра како обесштетување за нанесена болка и неисполнето ветување.

Но, судот сепак на крајот се произнел во корист на 83-годишниот Сорос.

Првата сопруга на Сорос е Анализ Сорос, со која тој живееше 23 години. Во 1983 година тој се разведе од неа и потоа се ожени со Сузан Вебер, која е 25 години помлада од него и со која беше во брак 22 години. По неа имаше врска со Бразилката Ферејр, а минатата година се ожени за 42-годишната Болтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.