Соросоидите и раководството на СДСМ, алатки за рушење на државните позиции

Ставовите на луѓето кои во јавноста важат за отворени поддржувачи на опозицијата, како и на самите раководни луѓе на најголемата опозициска партија стануваат грчки алатки за рушење на македонската преговарачка позиција во проблемот кој јужниот сосед го има со нашето уставно име, како и силен грчки аргумент со кој Атина ја брани својата блокада која веќе со години ја спроведува врз Македонија, пишува Курир.

Со чекорите кои се превземаат во насока на спорот за името, јасно е дека Соросовите луѓе и раководството на СДСМ стануваат сигурни и убедливи алатки за рушење на државните позиции на Македонија.

Многу од темите кои ги застапуваат грчките политичари, идентично или слично се презентираат и застапуваат од луѓето на СОРОС, но и раководството на СДСМ, во проширена и збогатена варијанта. Така темите за слобода, демократија и владеење на правото се заеднички теми на СОРОС, СДСМ и Грција.

Со ова се потврдува улогата на медиумите блиски до опозицијата дека името и идентитетот не се единствената тема која ги поврзува со политиките на официјална Грција, директно одработувајќи за целта на Атина да покаже дека Македонија нема само проблем со името за влез во Европската унија, туку и во внатрешната политика и односите со соседите.

Постојаните  критики за загрозена демократија, слобода на медиумите, владеењето на правото, кои според аналитичарите опозицијата ги користи како аргументи за својата неспособност да дојде на власт и катастрофалните порази, во суштина се аргументи кои потоа ги користи Грција за засилување  на своите позиции и насочување на притисокот на меѓународната заедница кон Македонија.

Познавачите коментираат дека сето ова што го прави опозицијата и нејзините поддржувачи, небулозните критики со кои имаат за цел да го сокријат катастрофалниот рејтинг меѓу граѓаните, премногу и наштетуваат на земјата. Сакајќи својат неуспех да го направат како неуспех на земјата, водејќи се од девизата “ако не сме ние на власт, подобро никој да не биде“, тие свесно или несвесно директно одработуваат за интересите на јужниот сосед, урнисувајќи ја македонската позиција.

Фактите покажуваат дека обвинувањата на опозицијата за непостоење на слобода во медиумите не држат, бидејќи под своја посредна или непосредна контрола има 22 медиуми. Додека се жали дека немало слобода, опозицијата  од вкупно седум дневни весници под своја директна контрола има пет.

Од друга страна, низа новинари секојдневно се мета на критии и јавен линч од страна на високи партиски фунционери на СДСМ, како што беше последниот случај со новинарката на 24 Вести, Душица Мрѓа, по интервјуто со генералниот секретар на партијата, Оливер СПасовски.

Официјална Атина умешно ги користи овие наши домашни извори како алиби за одбрана на своите аргументи во блокадата и уцените кон Македонија. Познавачите коментират дека ваквите ставови на раководните луѓе на СДСМ и луѓето на Фондацијата СОРОС е класично одработување за туѓи интереси, свесно или несвесно, и класично агентурско однесување.

Речиси секогаш кога има продолжување на преговорите за името, луѓето на СОРОС и раководството на СДСМ се активираат со  тезите за “загрозена демократија“, “неевропски вредности“, “непочитување на правото“’. Низ опозициските медиуми се пуштаат разни спинови, се  прават манипулации, демонстрираат попустливост со што директно ги рушат позициите на Македонија.

Андонис Самарас и Евангелос Венизелос  потоа ги користат тезите на СДСМ и луѓето на СОРОС во контактите со меѓународната заедница, за да си ги бранат грчките, а напаѓаат македонските позиции. Она што и одговора на Грција и СДСМ, аналитичарите се согласни дека во никој случај не и одговара на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.