Соросовата петта колона почна со пропаганда за оцрнување на полицијата

Додека безбедносните сили го ставаат животот на коцка со цел да ги отстранат ризиците по безбедноста на граѓаните, Соросовата петта колона од нивни медиуми, активисти, експерти од платните списоци оркестрирано започнаа со рафална пропагандна кампања чија цел е да се продолжи со оцрнувањето на полицајците од една страна, а од друга страна поттикнување на меѓуетнички тензии и закрвувања, објави „Курир“.

Плусинфо на главниот опозицискиот стратег Бранко Героски објавува слики во кои заокружува девојчиња кои наводно биле уапсени со цел да се зголеми тензијата кај албанското население, иако од сликите се гледа дека девојчињата кои се заокружени не се уапсени.

devojcinja

Опозицискиот новинар Саше Ивановски- Политико пак ги обвинува институциите со една тотално глупава и бесмислена теза дека наводно се работи за фингиран инцидент иако има известувања за повредени припадници на безбедносните сили, а од теренот се јавува за жестока пресметка на полицијаците со  криминалните елементи.

Вакви моронски тези за некаков наводен фингерај може да ги смислат и пласираат само монструозни умови какви што веројатно во соросовите редови има многумина.

Власта има значајна политичка предност и е последна структура на која би и одговарале вакви безбедносни ризици и дополнително ги вложува сите свои капацитети и ресурси да ги стабилизира состојбите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.