Соросовите активисти креираат лажни профили и шират говор на омраза

Соочени со слабата поддршка од граѓаните и стравот од избори, СДСМ и соросовите активисти продолжуваат преку лажни профили од наводно владини фунционери да шират говор на омраза, обидувајќи се да ја доведат јавноста во заблуда преку разни дезинформации, пишува „Курир“

Имено, медиумите деновиве веќе пишуваа дека на социјалните мрежи се појави лажен профил на Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски. Нивните намери беа веднаш разоткриени, бидејќи не станува збор за никаков официјален профил на Протоѓер, што се покажа и со тоа што дури беше и згрешено неговото презиме.

Иако целосно демаскирани, сепак СДСМ и соросовите активисти продолжија на овој начин да шират дезинфомрации, па така на социјалните мрежи сега се шири твит од лажниот профил на Протоѓер со порака: “Ми се коле народ сто ја блокира Илинденска”. Истите оние кои го измислиле овој профил на Протоѓер, сега манипулираат со граѓаните праќајќи пораки со говор на омраза.

 

protogjer-lazen

Дека станува збор за смислено сценарио во кое е вклучена целата соросова полуга покажува и улогата на соросовиот активист Џабир Дерала. Имено, Дерала иако добро знае дека станува збор за лажен профил, сепак истата ја превел на англиски и го споделува наводниот твит, со порака да се споделел говорот на омраза од шефот на кабинетот на премиерот Груевски, кој “бесрамно повикувал на крвопролевање“.

derala

Очигледно катастрофално слабиот рејтинг на опозицијата, потврден и со последната анкета на институтот ИРИ создава уште поголема параноја и безидејност кај СДСМ и соросовите активисти, па тие дури и на ваков начин мора да манипулираат со јавноста и да креираат лажни профили, за потоа самите тие да шират лаги и некаков говор на омраза од истите тие профили.

Целосно демаскирани и разоткриени, со ваквите ниски и провидни обиди опозицијата покажува каков недостаток на капацитет има во опозицискиот блок. Наместо да им понуди на граѓаните конкретна програма со цел да го придобие нивниот глас, СДСМ и нејзините активисти продолжуваат со црна политика и параноични испади во борбата за власт, дотолку што самите мора да создаваат лажни профили и потоа истите да ги злоупотребуваат во ширењето на лаги, како што е случајот со лажниот профил на Протоѓер.

fsdjkfsdkj234

Последната анкета на Американскиот републикански институт ИРИ, која покажува повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ и никаков раст на рејтингот на најголемата опозициска партија со објавувањето на таканаречените бомби, дополнително предизвика нервоза во опозицискиот блок и кај соросовите активисти, па најверојатно сето тоа е причина плус истите тие се да се служат со вакви ниски манипулации преку креирање на лажни профили.

Анкетата на ИРИ покажа дека доколку утре би се одржале предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со убедлива победа. 23  отсто од анкетираните граѓани својот гласи би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а само 11 отсто за СДСМ, пишува „Курир“.