ФОТО: Соросови пари за СДСМ-овски идеали

Со милионски суми, кои секоја година се зголемуваат, фондацијата СОРОС, поточно Институтот Отворено Општество, финансира медиуми, невладини организации и правење на извештаи, објавува порталот „Курир“.

Според завршната сметка на УЈП, СОРОС остварил приход од фантастични 5,2 милиони евра. Во денарска противвредност, неверојатни 319.784.116 денари, лани легнале на сметките на лустрираниот соработник на тајните служби, Владимир Милчин. Токму тој е потпишан и на завршната сметка.

Според документацијата, од целата оваа сума, вкупни трошоци за донации има пријавено 2.245.173 евра или 138.078.157 денари.

„Јавноста одлично ја познава поврзаноста меѓу СДСМ и СОРОС, па станува јасно дека овие пари се ставаат на располагање на опозицијата“, наведено е во објавениот текст.

Ревизијата на ваквото финансиско работење на СОРОС ја има направено Маргарита Цаца Николовска, која е блиска до СДСМ и член на УО на СОРОС Македонија.

Информации за огромни суми на пари во СОРОС беа видливи уште во 2012-тата година. Пред две години, буџетот на СОРОС изнесуваше 4.811.458 евра, од кои за донации беа издвоени 1.800.000 евра. Како оваа вртоглава сума да не беше доволна, СОРОС наполни повеќе пари во својата каса.

„Фондацијата на Милчин во последнава година потрошила 5,2 милиони евра за корумпирање на медиуми, невладини организации и правење на Извештаи во корист на СДСМ“, пишува „Курир“.

vladimir-milcinn

Најмалку 10 интернет медиуми во земјава се финансирани со грантови или донации од Фондацијата Институтот Отворено општество. Покрај парите од Сорос, она што всушност ги поврзува овие медиуми е нивната проопозициската уредувачка политика и силните врски со функционери на СДСМ.

pprihoddd

Ако ги разгледате содржините на овие медиумите, за некои е доволно само да се разгледа насловната страница, ќе може да заклучите дека критички ги опсервираат активностите на власта, но кај овие медиуми тешко дека ќе најдете текст во кој што се критикува работата на опозицијата особено на Социјалдемократскиот сојуз, или пак некој негов висок функционер, како од централната така и од локалната власт.

danocen-bilansss

„Неодамна беше објавена и информација дека СОРОС во минативе 7 години има потрошено околу 34 милиони евра за да ја напаѓа владата во јавни настапи. Меѓу невладините организации кои се финансираат директно од СОРОС се Центарот за развој на медиуми, ГЕМ, Плоштад Слобода, Центарот за европско образование Младинскиот образовен форум и уште многу други. Сите во јавноста се познати по ставови кои директно ги напаѓаат владините проекти. Но пајажината на СОРОС не застанува тука. Мрежата поседува и десетина медиуми, главно во макеоднскиот интернет простор, а финансира и новинари како поединци, задолжени да ја напаѓаат владата“, се вели во текстот на „Курир“.