Соросовите новинари нервозни, мораат да ја оправдаат манипулацијата за името

Луѓето платеници на Соросовата фондација во алиби акција за името на државата мешетарат со стари предлози. Соросовите новинари стариот предлог за името го препакуваа како ново решение, па сега мораат да ја оправдаат својата манипулација, објавува порталот „Курир“.

Предлогот Горна Република Македонија кој го објави БИРН, а на кој се налепија опозициските новинари, е всушност стар предлог кој беше познат од пред една година. Самиот медијатор Метју Нимиц го брифираше до медиумите, а и лидерот на ДУИ Али Ахмети го потврди истиот уште во 2013-та година.

Сето ова е познато, но она што до крај не е јасно е за кого одработуваат и за чии интереси работат новинарите на СОРОС? Бранко Героски пред еден месец истиот предлог се обиде преку својот „Слободен печат“ да го продаде како нов предлог кој наводно бил готвен од Нимиц, на што пак во останатите медиуми се регираше дека нов предлог нема и се отвори прашањето дека Героски и групацијата на новинари финансирани од СОРОС со таквите свои написи одработуваат за други интереси.

Сега откако БИРН го реобјави стариот предлог кој се обиде да го прикаже како нов, „Слободен Печат“ и Героски веднаш тоа го искористија како алиби за својата невешта манипулација, при што Героски на својот Фејсбук профил регираше преку порака полна со навреди.

-Кај се бе сега куририве и генијалциве од „Република“ да гукнат? Нели Геро го „измисли“ новиот предлог на Нимиц? А? Будали едни.., напиша Героски

Фактите говорат дека Бранко Героски, „Слободен печат“ и останатите платеници на СОРОС прават манипулација. Самата Нова ТВ на Борјан Јовановски и Билјана Секуловска уште пред една година објави дека Предлогот на Нимиц е Горна Република Македонија.