СОС Детско село со хуманитарно-добротворна акција за прибирање на училишен прибор

СОС Детско село Македонија организира хуманитарно-добротворна акција за прибирање на училишен прибор за децата од СОС Детското село Скопје.

Таму, оваа година има 45 дечиња кои одат во основно училиште, а вкупно има 52 ученика. Дополнително, средношколците од погорните одделенија се сместени во младинските куќи во Бардовци и Радишани.