Сосиедад ја посрамоти големата Барса

Фудбалерите на каталонскиот гигант Барселона само по лошо ќе паметат првенствениот натпревар од 25. коло во шпанската Примера дивизион.Иако најавија сигурен триумф и освојување на планираните три бода, избраниците на Херардо Тата Мартино одиграа под очекуваното ниво во сите 90 минути и сосема заслужено со 3:1 се поразени од одличниот тим на Реал од Сосиедад.

И без помошта на најдобриот фудбалер, Кристијано Роналдо, кој најпосле ја одлежа суспензијата од три натпревари, новиот лидер на табелата, тимот на Реал (М) без многу мака со 3:0 го совлада гостинскиот тим на Елче.

Големот кикс на Барселона ќе се обиде да го искористи и тимот на Атлетико (М) кој денеска важи за апослутен фаворит во првенствената пресметка против домашниот тим на Осасуна.
Резултати: Селта – Гетафе 1:1, Реал М. – Елче 3:0, Сосиедад – Барселона 3:1, Алмерија – Малага 0:0.
Денеска на програмата: Р.Валјекано – Севилја, Бетис – Атлетик Б., Осасуна – Атлетико М., Валенсија – Гранада.