Соседи се истепале поради патот кој ги раздвојува

Од страна на увидна екипа и инспектори, а по овластување на ЈО излезено било на лице место и од извршениот увид било констатирано дека на 03.10.2016 година околу 10.00 часот, поради нерасчистени соседски односи за патот кој ги разделува, настанала меѓусебна расправија која прераснала во тепачка помеѓу Д.К. со неговите синови од една страна и Ф.Г. со неговиот син од друга страна. Во тепачката Д.К. и синовите се здобиле со ТП во пределот на главата и телото, а Ф.Г. со ТТП во пределот на главата. На истиот му била укажана лекарска помош во Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување. СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување  на случајот.