Соседите ќе и’ поставуваат услови на Србија на патот кон ЕУ

Пристапувањето на Србија кон Европската унија ќе биде последна шанса за сите кои имаат нерасчистени сметки со неа и можност да отворат различни прашања, бидејќи имаат право на вето, изјавил српскиот професор Предраг Симиќ, пренесува „Блиц“.

„Прашањето е дали нашите соседи ќе поставуваат некакви услови. Дали Хрватите ќе го покренат прашањето за Шаренградскиот пекол и границите на Дунав, дали Унгарија, како и Романија ќе го покрене прашањето за малцинствата? Слично нешто се очекува и од Бугарија за малцинствата во Димитровград и Босилеград“, изјавилл Симиќ.