Состанок на британската влада околу преговорите со ЕУ за Брезгит

Британската влада се среќава денеска на прва седница по летниот одмор, околу заедничкиот договор за тоа каков да биде пристапот на Лондон кон Брисел во преговорите за раздружување од ЕУ и за заминување од Унијата.

Владиниот состанок во летната резиденција во Чекерс, околу 70 километри севереозападно од Лондон, се одржува во време кога во домашните медиуми се открива судир меѓу владините министри околу Брегзит и идните односи на Британија со ЕУ.

Според лондонските медиуми, министерот за финансии Филип Хамонд заговара останување на Британија на заедничкиот европски пазар, „во некои за Британија витални сектори“, додека други министри, сметаат дека земјата треба да го напушти и заедничкиот пазар на ЕУ, како што ја напушта Унијата.

На реферерендумот од 23 јуни, Британците со тесно мнозинство одлучија за напуштање на ЕУ.

Откако беше изгласан Брегзит, новиот премиер Тереза Меј изјави дека „Брегзит значи Брегзит“ и дека нема отстапување од решението на мнозинството гласачи, но се уште не е јасно како ќе се одвиваат работите понатаму.

Меј неколкупати досега изјави дека преговорите за раздружување ќе почнат дури идната година, кога Велика Британија ќе биде подготвена за преговорите.

Нема засега навестување за тоа какви ќе бидат идните британско-европски односи.

Присуството на заедничкиот пазар на ЕУ, значи примена на европските правила за слободно движење на луѓе и работна сила, а тоа беше причина за покренување на референдумот и за излегувањето од Унијата- запирањето или барем да ограничувањето на влегувањето на мигрантите од Унујата.

Кандидатот за лидер на опозициските лабуристи Овен Смит изјави дека ако стане лидер ќе го блокира во Парламентот излегувањето од ЕУ, додека гласачите на нов референдум или на избори за Прламентот, не потврдат дека го прифаѓаат владиното решение.

Даунинг стрит 10, вчера првпат регираше со отфрлање на ваквата најава од Смит, тврдејќи дека нема законска обврска за една таква постапка.