Состанок на стопанските комори на Македонија и Косово

Претставници од Стопанската комора на Македонија денеска во Косово ќе одржат работен состанок со нивните колеги од Стопанската комора на Косово.

-Целта е информирање за актуелната надворешно-трговска размена, но и почеток на најновиот принцип на соработка – испраќање лице од едната комора во другата и негов едномесечен престој, информираат од Стопанската комора на Македонија.

Двете институции кои имаат воспоставено договор за соработка, ќе работат на интензивирање на надворешно-трговската размена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.