ФОТО: Учесниците на Состанокот на ОБСЕ ги пречека Тито

Учесниците на Состанокот на ОБСЕ ги пречека Тито. Секој што денес влезе во белградската Комбанк арена каде се одржува министерскиот состанок на ОБСЕ прво го забележа Тито.

Големо пано со фотографија на која се наоѓа Јосип Броз Тито поставена е во главната сала, свртена кон влезот, така што секој што ќе влезе прво го гледа поранешниот претседател на СФРЈ, пишува српски „Блиц“.

Учесниците на Состанокот на ОБСЕ ги пречека Тито
Учесниците на Состанокот на ОБСЕ ги пречека Тито

Како што претходно изјави Ивица Дачиќ, претседателот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Србија, фотографијата на Тито од 1975-тата година ќе има централно место на самитот.

Според неговата изјава не се знае дали некому од гостите ќе му биде непријатно поради Тито, но тоа е историјата на ОБСЕ.

За нас е мошне важна 1975-тата година кога во Хелсинки настана тогашниот КЕБС, а денешен ОБСЕ и тоа со голема улога на Југославија. Имаме фотографија како Тито ги потпишува тие важни документи и тоа ќе го прикажеме. Тито инаку претседавал со КЕБС во Хелсинки, објасни Дачиќ.

Тој навел дека секогаш на службените патувања се претставува како претставник на партијата што е наследник на партијата на Тито, што наидува на одобрување во странство.