Состанок за брз транспорт од Пиреа до Централна Европа преку Македонија

„Македонски железници“ и „Коско“ С.А. од Грција денеска во Скопје ќе одржат заеднички состанок на кој ќе ги разгледаат можностите за создавање на патни и железнички мрежи од пристаништето Пиреа до Централна Европа преку територијата на Македонија, пишува МИА.

На состанокот ќе присуствуваат претставници од двете компании и стопанските комори, а најавено е обраќање на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Во рамки на состанокот ќе бидат презентирани и логистички решенија за ефикасни и брзи транспортни патишта од и за Европа.