Состанок за недозволена трговија со оружје

Првиот состанок меѓу групата на експерти за оружје на земјите на ЈИЕ и европската група на експерти за оружје на тема „Зајакнување на соработката помеѓу земјите на ЈИЕ и воспоставување соработка со земјите на ЕУ на полето на недозволената трговија со оружје“ ќе се одржи денеска во Скопје.

На отворањето на состанокот ќе присуствува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков и јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.