Свет

Состаонокот Г20 во знакот на проблемите на пазарите и нивниот развој

Состаонокот Г20 во знакот на проблемите на пазарите и нивниот развој

Проблемите на пазарите и развојот ќе бидат главни теми на Самитот на групата 20 на најразвиените земји во светот и економиите во раст, кој денеска и утре ќе се одржи во Сиднеј.

Франс прес смета дека новата претседателка на американската централна банка (ФЕД) Џенет Јелен ќе се најде на „жешкото столче“, имајќи предвид дека земјите во развој трпат последици од излегувањето на ФЕД од програмата за монитарен поттик.

Национални валути од Аргентина до Русија, потоа ЈАР и Турција во последните неколку недели се во пад, поради тоа што американските инвеститори ги повлекуваат средствата од тие земји во очекување за поголеми придонеси дома, имајќи предвид дека ФЕД ја заострува повеќегодишната политика на монетарано олабавување.

Г20 е на важна пресвртница, бидејќи мора да покаже дека е во состојба одлучно да дејствува за да ги спроведе реформите. Нема да се игнорира неодамнешната нестабилност на меѓународните финансиски пазари, а посебно на нивното влијание на земјите во развој.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во јануари ја зголеми својата проценка за раст на глобалната економија за годинава на 3,7 отсто Тоа е првпат во последните две години Фондот да ја подигне прогнозата на раст, оценуваат агенциите.