Состојба на опсада прогласена во Доњецк

Властите на самопрогласената Доњецка народна република (ДНР) прогласија денеска состојба на опсада во Доњецк.

„Министерот за одбрана на ДНР Игор Стрелков потпиша наредба за воведување состојба на опсада во градот и мобилизирање на сите стратешки важни ресурси за потребите на одбраната“, се наведува во соопштението на прес-службата на ДНР.

Одлуката, според раководството, би требало набрзо позитивно да се одрази на „јакнење на борбената готовност на војската на ДНР, како и на целата република“.

На 16 јули во Доњецк е воведена вонредна состојба и полициски час, кој важи од 23 часот навечер до шест часот наутро по локално време.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.