Состојба на патишта

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно,без забрани ,по влажни коловози, местимично со слаб дожд.

Магла со видливост до 50 метри има Маврово и Стража.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.