Македонија

Состојба на патишта

Состојба на патишта

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по суви коловози.

Во клисурите можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес и Куманово-К.Паланка.

Дежурните екипи на Јавното претпријатие Македонија пат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата, почитување на поставената патна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.