Состојба на патишта, магла на Стража и Делчево

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Во југозападниот дел од републиката има врнежи од дожд.

Магла со видливост до 50м има на планинскиот превој Стража и Делчево.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.