Состојба на сообраќајниците и граничните премини во Македонија

Времениот режим на сообраќај на територијата на Град Скопје, кој отпочна на 16.06 ќе трае д0 01.09. Воспоставениот режим вклучува забрана за движење на тешки товарни возила на територијата на градот во периодот од 10.00 до 20.00 часот. Од забраната се изземени возилата кои превезуваат жива стока, лесно расиплива стока, хуманитарна помош, медицински препарати, комунални возила, возилата на ЈГП, превоз на експлозивни, запаливи и отровни материи, возила за превоз на градежни материјали (сиров бетон), како и градежна оператива кои вршат градежни работи на градилиштата за Општините во Скопје, Град Скопје и Влада на РМ.

Патниот правец  А1, делница Неготино – Демир Капија каде што се изведуваа теренски активости е повторно нормализиран за непречено одвивање на сообраќајот, известија од Автомото Сојузот на Македонија.

На територијата на Република Македонија забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони има на повеќе патни правци.

На регионалниот пат Пробиштип – Кратово поради појава на свлечиште, на влез во Кратово, воведена е забрана за движење на автобуси и товарни моторни возила со тежина над 7,5 тони.  На патниот правец Радовиш – Конче (Р-2433), на 11-тиот километар има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила.

 road-works-3-9-10

Исто така на повеќе патни правци се одвива работа на пат. На патниот правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.  На патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.  На патниот правец Дренoво – Плетвар, во близина на каменоломот, во должина од 3 км, поради изведување на градежнo асфалтерски работи, сообраќајот се одвива наизменично, регулиран со семафори, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Градежните работи започнаа на 14.06.2014 и ќе траат во наредните 15 дена. На патниот правец Фурка – Дојран, Р-1105, се изведуваат градежно-асфалтерски работи. Поставена е соодветна патна сигнализација. Отпочната е и реконструкција и рехабилитација на  патната секција Велес – Кадрифаково“ Фаза 2 од депонијата Велес до с.Лозово.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно возење, како и почитување на поставената патна сигнализација, напоменуваат од Автомото сојузот.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони, предупредуваат во соопштението АМСМ.

Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.