Македонија

Каква е состојбата на патиштата?

Каква е состојбата на патиштата?

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. Зголемен интензитет на сообраќај има на патиштата надвор од градските средини, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Како што потенцираат од АМСМ, оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Забрани за тешки товарни возила во деновите со екстремни температури

Според информација од Министерството за транспорт и врски: Од 01.07.2015 година започнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на патиштата, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Измената во временските интервали е следната: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07.  до 31.08. секоја тековна година.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Забрана за тешки товарни возила на патиштата
Забрана за тешки товарни возила на патиштата

Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.

Од 01.07.2015 година исто така започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на  магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони.

Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка, со што би се создале услови за неоптовареност на сообраќајните токови на горенаведената патна делница.  Забраната важи за време на викендите и тоа петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година.

Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Внимателно во делниците кои минуваат низ клисурите и засеците

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Градежни работи на дел од патиштата

На дел од патиштата низ државата во моментов се одвиваат градежни работи. Според информации од АМСМ, еве на кои патни правци во моментов се гради:

Со полна пареа се гради новиот експресен пат Велес – Штип
Со полна пареа се гради новиот експресен пат Велес – Штип

Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.

Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.