Состојбата на Алекс Де Анџелис и понатаму останува критична

Иако има благ напредок во заздравувањето, Де Анџелис и понатаму е во критична состојба

Според информациите кои пристигнуваат од Јапонија, состојбата на мотоциклистот на Лодарејсинг полека се подобрува, но сеуште е критична. Тој е свесен и може да комуницира, но поради тешките повреди на телото и понатаму е под 24-часовна грижа.

Де Анџелис по излетувањето од патеката “Мотеги” се здоби со сериозни повреди на главата по што имаше крварење во мозокот, но докторите најмногу ги загрижува повредата на белите дробови. Тој при падот заработил и неколку скршени ребра, клучна коска, а скршена му е и градната коска.

Поради неговата состојба, Де Анџелис и понатаму мора да остане во болницата во Јапонија.