Македонија

По несреќата во Ѓорче Петров Состојбата на повреденото дете критична уште 24 часа

Состојбата на повреденото дете критична уште 24 часа

Повреденото десетгодишно дете во сообраќајната несреќа пред основното училиште „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров е во критична состојба и од повредите се’  уште има внатрешно крварење, неофицијално дознава Нетпрес.

Според нашите информации, неговата здравствена состојба најверојатно ќе биде таква уште 24 часа, по што се очекува подобрување.

Автомобилот „опел астра“, пак, кој удри во детето го управувала жена која претпоставуваат дека немала возачка дозвола, велат блиски до семесјтвото на повредениот десетгодишник.

Од Клиниката за Неврохирургија, пак, тврдат дека состојбата на детето се подобрува, нема да подлежи на операција, свесно е и ќе продолжи со лекувањето.

До објавувањето на оваа вест не добивме официјална информација од МВР дали со возилото управувал маж или жена, како се случила точно несреќата според увидот, зошто полицијата дозволила увидот да прекине, со која брзина се возело и какви мерки ќе бидат преземени против сторителите?

Според досегашните информации од МВР со возилото управувало четириесет и шестгодишно лице со иницијали Ј.Ј.

Детето беше повредено во неделата околу 19 часот и беше пренесено со истото возило на Клиниката за Неврохирургија во Скопје со скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото.