Состојбата со надојдените води под контрола

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во однос на појавата на зголемените количини на врнежи на дожд, Координативното тело е во постојана комуникација и координација.

Од последните информации од УХМР како критични подрачја каде е можно зголемување на водостојот и локално излевање на водата од речните корита сливот на реката Брегалница, сливот на реката Крива, сливот на реката Треска кај месноста Пласница и низводно до Девичката клисура, реката Пчиња кај Пелинце и по составот со нејзината лева притока реката Крива како и струмичкиот регион.

На овие места состојбата моментално е под контрола и се следи, екипите на сите надлежни институции се подготвени да интервернираат во случај на зголемување на водостојот на реките.

На места каде има поплавени површини или одрони на патиштата, тимови вршат испумпување на водата односно се врши расчистување на патиштата. Информациите од ЦУК се дека и таму состојбата е ставен под контрола.

Од Координативното тело ги повикуваат сите градоначалници да ги ангажираат сите расположливи ресурси и да помогнат во санација на оштетените површни.

Воедно се апелира до сите градоначалници, доколку имаат било каква потреба од помош да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.