Состојбата со водостојот на реките во Хрватска алармантна

Водостојот на реките во Хрватска се на рекордно ниво. Водостојот на реката Мура е 533 сантиметри.

Ситуацијата е тешка и во останатите делови од Меѓумурје, јавуваат хрватски медиуми. На удар на Купа е градот Сисак, додека за утре се очекува воден бран на реката Сава да погоди делови од Хрватска.

Во Карловац се уште во сила е состојбата на општа опасност, иако водостојот на реката Коране се намалува. Жителите градеа брани, а околу 50-на се евакуирани.

Во пораст е и водостојот на Уна и поради тоа во Хрватска Костајница прогласена е вонредна состојба. Жителите стравуваат дека Сава нема да ја прими Уна поради што водостојот енормно би пораснал, се додава во извештаите на хрватските медиуми.