Состојбата во Славонија и понатаму e тешкa

Состојбата во Славонија во Хрватска и понатаму е тешка, иако водостојот е во пад, насипите попуштаат , а ги поправаат припадниците на војската и другите служби.

Потврдена е и втората жртва, а телото е лоцирано во Рајево село, едно од најзагрозените места во таа област. Присилната евакуација која започна вчера и понатаму се спроведува.

Генералот на вооружените сили Драго Ловриќ вели дека се евакуирани и последните 15 жители на Гуња, што е едно од најзагрозените места и додава дека ниту едно лице нема да биде оставено, а се работи и на извлекување на животните.