среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Соственик на ресторан во Франција забрани влез за банкари

restoran

Последни вести

Сопственик на ресторан во Франција, одлучи во знак на одмазда за одбиен кредит, да им забрани на банкарите влез во неговиот угостителски објект, доколку за тоа не платат 70.000 евра, колку што изнесувала висината на кредитот кои банките не му го одобриле.

Александар Кале (30). кој поседува ресторан во О де Сена во Парискиот регион, пред вратата на ресторанот постави табла со натпис: „На кучињата им е дозволен влез, а на банкарите им е забранет влез (освен ако не платат 70.000 евра).

Како што објави парискиот дневен весник „Фигаро“, на сопственикот му било одбиено барање за банкарски кредит, кој му бил потребен за да почне уште еден бизнис.

Тој изјави дека со ваквата постапка сакал „да ја осуди континуираната саботажа на француските економски центри“.

Кале вели дека уште во 2008 година, кога на 23-годинишна возраст го отворил неговиот прв ресторан, минал „тежок пат“.

– И тогаш 20 пати бев одбиен пред да добијам кредит, раскажѕва Кале, чиј ресторан добро работи и има голем број посетители, меѓу кои и доста банкари.

Како што наведува тој, минатата година одлучи да почне уште еден бизнис и побарал кредит од 70.000 евра, чие одобрување го сметал само за формалност, затоа што сите кредити досега ги плаќал редовно, а ресоранот има одлични приходи.

Сепак, се случило неочекуваното. На барањето за кредит му одговорила само една банка и тоа негативно, без образложение.

– Сопственици на ресторани, предприемачи, сите ние сме во иста каша. Секогаш кога сакаме да почнеме бизнис, мораме да клечиме, се жали Кале.

Сега тој се надева дека лицата ќе се препознаат на натписот пред неговиот ресторан, а што се однесува на другите деловни потфати кои планирал да ги почнемем засега решил да ги откаже.

Најчитани вести