Соу достапен на Ливерпул и Манчестер Ј. но за 30 мил. фунти

Одличните партии на стаднардниот првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Лук Шоу, не останаа незабележани ниту од страна на раководните лица на Ливерпул.

Репрезентативецот на Англија веќе подолг временски период важи за голема желба на Манчестер Јунајтед и на Челзи, а фудбалските медиуми на Островот, потврдија дека челниците на “црвените ѓаволи” се подготвени веднаш на стартот од летниот преоден рок да испратат официјална понуда за офанзивниот лев бек не помала од 20 мил. фунти.

Слична таква понуда сега најавија и сопствениците на Ливерпул, но голема е веројатноста дека и понудата на Манчестер и таа на “црвените” од “Енфилд” ќе биде одбиена од челниците на Саутемптон кои се подготвени да седнат на преговарачката маса само доколку понудата на заинтересираниот клуб не биде помала од 30 мил. фунти.