Соучесникот во двојното убиство во Охрид доби 30-дневен притвор

На соучесникот во двојното убиство во Охрид му е одреден притвор во траење од 30 дена во казнено-поправната установа Шутка, информираат од МВР.

Оттаму потенцираат дека продолжуваат со интензивни мерки и активности за лишување од слобода и на директниот извршител на убиствата.

Двојното убиство се случи вчера пред полноќ во угостителски објект во Охрид.  Непознато лице пукаше со пиштол во две лица.  Повредените беа пренесени во Медицинскиот центар во Охрид каде починаа.