Македонија

Совет на Европа: Прислушувањето е криминал не само против луѓето, туку и протв демократијата

Совет на Европа: Прислушувањето е криминал не само против луѓето, туку и протв демократијата

Идната недела во земјава доаѓа делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Сакаат лично да се информират за политичката состојба во земјава. Пораката која ќе ја испратат е дека местото на пратениците е во Собранието, објави МРТ.

Во Советот на Европа  со внимание се следат случувањата во нашата земја. Идната недела Делегација на Парламентарното собрание, во состав Штефан Шенах, претседател на Мониторинг комисијата, Роберт Валтер, известувач за Република Македонија Андреас Грос, Претседател на Групата на социјалистите ќе ја посетат Република Македонија со цел да се сретнат со политичките преставници на Република Македонија и да ја утврдат фактичката состојба во функција на подобра подготовка на Извештајот за пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание со Република Македонија, како и да укажат на пратениците дека нивното место е во Собранието на Република Македонија.

Со слична рекација вчера се огласи и Аркадио Дијаз Техера од Социјалистичката партија на Шпанија, инаку потпретседател на Социјалистичката група во ПС на Совет на Европа, еден од највлијателните социјалисти во ПС, политичар со долгогодишно искуство и поранешен судија во највисоките судски инстанци во Шпанија.

– Вчера во Советот на европа одобривме закон за масовното електронско набљудување. Тоа е незаконско однесување, криминал не само против луѓето, туку и против демократија, парламентарната демократија, владеењето на правото и човековите права. Мислам дека судската власт треба да дејствува брзо и ефикасно против ваквото однесување. Тоа не е начин на којшто се гради демократски систем, вели Техера.

Шефот на македонската собраниска  делеегација при ПССЕ, Александар Николоски во текот на оваа пролетна сесија во Стразбур имаше повеќе средби со парламенетарци од земјите членки на Советот на Европа.

– Јасно е потврдено дека политичката ситуација во Македонија е дел од нивниот интерес и затоа се залагаат за правно и политичко решение. Во делот на политичкото решение сметаат дека е потребен дијалог и враќање на опозициската СДСМ во Собранието, изјави Николоски.