Секс

Совет за совршен секс: Како да бидете најдобрата што ја имал?

Совет за совршен секс: Како да бидете најдобрата што ја имал?

Да не се лажеме, на сите ни годи кога партнерот ќе не’ пофали и ќе ни каже дека имал незаборавна ноќ. Иако сте некогаш убедени дека правите се’ како што треба, овој комплимент наутро изостанува. Прочитајте што ќе ви гарантира вечер за паметење.

Одличниот секс почнува надвор од спалната соба

И пред самиот чин сексот и тоа како можете да ја зачините атмосферата. Верувале или не, предиграта е најважниот дел од сексуалниот однос за паметење. Нека предиграта трае долго дали со секси пораки додека сте на работа, романтична вечера и допири под масата, масажа – сето ова ќе доведе до неверојатно искустов.

Експериментирајте

Сакате да бидете најдобра со која бил досега? Тогаш не треба да се плашите да експериментирате. Ова не значи да правите чудни работи кои не ви одговараат. Испитувајте ги неговите сетила, обидете се да се почувствувате еден со друг, а не да бидете наспротив сопственото задоволство. За почеток е доволно да му ставите превез на очите и галете се по телото, а потоа страсно бакнете се.

Обезбедите лубриканти

Лубриканти со разни ароми се одличен додаток во спалната соба. Откако омилените секс пози ќе ги пробате во верзија со лубриканти ништо повеќе нема да биде исто.

Гледајте се во очи

Гледањето во очи го чини сексуалното искуство многу поинтензивно и интимно осовено ако вашите лица се одалечени само неколку сантиметри. Не морате непрекинато да се гледате. Но, неколку секунди од време на време ќе го зголемат доживувањето.

Преземете контрола

Преземањето контрола и покажувањето на самодоверба е вистински трик со кој што ќе му пружите ноќ која никогаш нема да ја заборави.  Во ниту еден момент не му дозволувајте на партнерот да владее со ситуацијата, вие одлучувајте кога тој ќе биде доминантен, а кога вие. Воздржаност е единствен начин да ја преземете контролата. Обидете се да го врзете за креветот со меки лисици или сатенска марама која ќе и’ годи на кожата. Не само што целосно е во ваши раце, туку тоа бара и извесна доза доверна. Довербата ја зајакнува интимноста и остава зад вас неверојатно сензуално искуство.