Магазин

Совети на Адријана Лима за совршен изглед

Совети на Адријана Лима за совршен изглед

Изгледајте совршено со овие неколку совети на Адријана Лима. На сите ни е добро познато дека Адријана Лима е една од најубавите жени на светот. Дури и со минимум шминка, таа е жена која секогаш изгледа беспрекорно.

Но, секако научила по некој трик за време на снимањето на едиторијалите за Викторија Сикрет или во бекстејџот за време на модните недели. Во продолжение проследете 10 совети на Адријана Лима како секогаш да останеме во топ фирми и да изгледаме добро секој ден.

Слоеви маскара за неодоливи трепки

Мојата тајна во врска со ова е што постојано ставам маскара. Слој врз слој, по неколку пати дневно. Посебно во текот на летните денови. Мислам дека тоа исгледа навистина добро. Понекогаш и намерно ја нанесувам неуредно. И секако, нанесувам и на горните и на долните трепки за изедначен и подобар изглед.

Совети на Адријана Лима за совршен изглед

Микс од руменило или бронзер и крема за лице за природен изглед

Ова е еден од моите фаворити. Кога ми е доста од шминката, јас мешам руменило со дневна крема, или дури и со крема за сончање. Овој микс му дава на вашето лице преубав сјај, па дури иако немате шминка.

Кармин на два начини

Понекогаш земам розов или црвен кармин/ сјај за усни и благо го нанесувам на усните. И истиот производ го нанесувам благо на своите образи, за сосема природен изглед.

Меко моливче за очи

Голем број жени имаат проблем со користењето моливчиња за очи. Она што јас го открив е дека моливчето е многу подобро доколу е меко, а не суво и премногу цврсто. Така што треба да обрнете внимание какви моливчиња купувате, затоа што, меките моливчиња даваат попрецизна линија.

За грицкање – капини, боровинки и попарен зеленук

Кога обрнувам малку повеќе внимание на мојата исхрана, не јадам грицкање. Во главно тоа е зеленчук. За појадок или ручек воглавно јадам зеленчук на пареа или сирово или во комбинација. Но доколку сакате грицки, мој совет е тоа да бидат капинки или боровинки. Можете да ги јадете цел ден, а тие всушност помагаат во согорувањето на мастите. Значи само напред.

Интензивен тренинг за подобри резултати

Интензивен тренинг за подобри резултати

Ги сакам интензивните тренинзи. Сакам добро да се испотам. Го сакам прескокнувањето јаже. Тоа е навистина добро затоа што не зазема место. Ставете го во вашата чанта и можете да го користите каде сакате. Мојата рутина е обично: 10 минути (максимум) прескокање јаже, 35 минути трчање. Понекогаш се случува да прескокнувам јаже и по цел час. А да не зборуваме за тоа дека на тој начин можете да согорите околу 1.000 калории.

Лененото масло е нејзино тајно оружје

Доколку сакате косата побрзо да ви расте мора да користите ленено масло. Резултатот е сјаен! Вашата коса ќе биде сјајна и лефтерна и многу побрзо ќе расте.

Немојте да ја миете косата премногу често

Доколку имате сува коса, немојте да ја миете секој ден. Ако имате многу сува коса, потрудете се тоа да го правите еднаш неделно. Маслото ќе ви помогне вашата коса да изгледа подобро. Но, исто така, се зависи и од вашите активности и од тоа колку се потите. Во согласност со тоа направете рутина… Ако често ја миете косата потрудете се да користите суви шампони.

За здрава кожа и нокти – внимавајте што јадете

Доколку сакате добра кожа, тогаш многу е важно што јадете. Затоа што верувале или не, се што внесувате, ќе се покаже на вас порано или подоцна. Ќе се одрази на вашата кожа, коса и нокти, така што… Навистина е многу важно како се храните.

Се надеваме дека овие неколку совети на Адријана Лима ќе ви помогнат да изгледате исто толку совршено како познатиот модел на Викторија Сикрет.