Совети од Миранда Кер за чисто лице, нема да ве чинат ниту денар!

Совети од Миранда Кер за чисто лице, нема да ве чинат ниту денар. Славната манекенка е позната по блескавата кожа и сјајната коса, а еве на кој начин таа се негува.

Легендарната Кетрин Хепберн беше позната по тоа што се тушираше со студена вода. Таа сметаше дека оваа идеја е фантастична па се колнеше дека тоа е тајната на убавата кожа и на доброто здравје.

miranda-ker-2

Австралиската манекенка Миранда Кер исто така го обожава овој стар трик и тврди дека поради ледениот туш порите на кожата се стеснуваат, а исто така и дека студената вода е одлична за здрава и сјајна коса. Ваков начин на нега пожелен е и во зима.

Доктор Витни Бове, дерматолог од Њујорк исто така го поддржува ваквиот начин на нега иако препорачува дека водата не мора да биде ледена.

Премногу топлата вода ја пореметува состојбата на природните масла на кожата па така ја суши. Млаката вода е многу подобар избор и е поблага за кожата. Може да ви помогне да ги намалите порите, да го отстраните црвенилото и подочниците, изјави Витни.

miranda-ker-kaish

Таа додава дека студената вода е одлична за косата затоа што ги затвора порите на влакното и така ја прави косата мека и сјајна. Врелата вода го суши влакното и може да создаде првут.

Како да ја изберете најдобрата температура на водата за во зима, па дури и ако не сте дисциплинирани како Миранда Кер.

Еве предлог:

-Туширајте го телото со млака вода;

-Миете го лицето со студена вода;

-Исперете ја косата со топла вода а потоа завршно исперете ја со студена вода за подобар сјај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.