Совети од руски педијатар: Како да го научите детето да биде самостојно

Педијатарот чиишто совети ги слуша целиот свет Доктор Комаровски, месечно одговара на прашањата на родителите, а еве еден негов врвен совет.

На прашањето како детето да го научите на самостојност, докторот Комаровски одговара:

Што се однесува до самостојноста – кога детето се обидува да направи нешто само, тогаш треба да се мешате само кога тоа ја загрозува неговата или сигурноста и здравјето на некој друг. Во спротивно детето треба да го оставите се прави само, да греши, да се обидува, акога ќе го добие посакуваниот резултат треба да го пофалите. Нагласокот се става на тоа што детето успеало да го направи само. Тоа е клучниот момент во учењето на самостојноста.

Секако праксата на „немешање на родителите“ е особено добра кога детето веќе го запознало светот околу себе си и настојува се да прави само. Но, има разни деца – има деца што на 10 години трпеливо чекаат мајката да им ги закопча копчињата.

Во тој случај мора да се обратиме на другите закони на педагогијата, на оние што се сведуваат на тоа дека родителот не смее под влијание на изразот „не сакам“ на детето да отстапат од своите одлуки.

коморовски

Сакаш да одиш надвор, но не сакаш да ги закопчаш копчињата? Сакаш да јадеш, но несакаш да ја држиш лажицата? Сакаш задникот да ти биде чист, но не сакаш да го избришеш сам? Што да се прави, големи се шансите да не излезеш надвор, да бидеш гладен, задникот да ти биде нечист.

Тоа не е суровост туку привикнување на детето на реалниот живот, затоа што утре нема да има многумина што во секој миг и без приговори ќе му бидат на располагање.