четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 53

Совети за бремените жени-учеснички во сообраќајот

Улогата, формите, начините и можностите со кои жените секојдневно се среќаваат, како учеснички во сообраќајот и нивното влијание врз безбедноста во сообраќајот, се повеќе и различни. Една од нив е улогата и однесувањето на жената, како возач и мајка.

vozi-trudna

Поврзани вести

Улогата, формите, начините и можностите со кои жените секојдневно се среќаваат, како учеснички во сообраќајот и нивното влијание врз безбедноста во сообраќајот, се повеќе и различни. Една од нив е улогата и однесувањето на жената, како возач и мајка.

Постојат низа специфики во однос на однесувањето на жената-возач и мајка во сообраќајот.

Во одреден дел од својот живот, најголем дел жени, имаат потреба да бидат возачи или патници, и покрај тоа што се наоѓаат во една блажена состојба, во состојба на бременост.

Во ваква состојба, како возач, мора да знаете како да се однесувате во сообрќајот и како да го заштитите своето бебе од повреди и загуби. Генерално, вашето бебе е добро заштитено во вашиот стомак, но кога возите или патувате со автомобил, потребно е да направите сѐ за да се заштитите од евентуална сообраќајна незгода. Затоа, од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, даваат одредени корисни и практични совети наменети за идните мајки возачи:

Положбата на седење зад воланот е првиот и најважен момент со кој секојдневно се соочуваат бремените жени–возачи. Во таква состојба, жените мора да знаат дека треба да заземат таква положба во која доволно ќе се оддлечат од управувачот и ќе ги штити од евентуален удар на управувачот во стомакот, а од друга страна нема да ја загрозат можноста за безбедно управување со моторното возило. Растојанието од околу 25 центиметри се смета за сосема доволно, за безбедна оддалеченост од волнот. Но, исто така, важна е и насоката на воланот. Затоа, внимавајте таа да биде во правец на градниот кош, а не во правец на вашиот стомак. Избегнувајте чести и мали судири на стомакот и волнот.

Положбата која ја заземате за седење, е исклучително важна, особено за жените со проблематична бременост. Седечката положба, треба да биде благо наклонета наназад за да се оневозможи континуирано притискање на матката и на бебето. Така, ќе бидете сигурни дека вашето бебе удобно се чуствува додека вие возите.

Обврската за користење сигурносен појас остнува, и покрај специфичната состојба во која се ноѓате. Исклучително важно е да внимавате и правилно да го ставите појасот. Тоа значи дека долниот дел од појасот, треба да биде ставен под стомакот на колковите, но не и на и врз стомакот. Горниот дел од појасот, треба да биде ствен над стомакот т.е. на клучната коска (меѓу вратот и горниот дел од раката). Употребата на сигурносниот појас е во функција на ваша заштита и заштита на вашето бебе.

Не постојат директни временски ограничувања до која фаза од бременоста е дозволено да се упрвува моторно возило, но сепак гинеколозите препорачувааат тоа да биде до 30 недела од бременоста и притоа да се прават почести паузи, особено ако возите на подолги дестинации.

Истражувањата направени од релевантни меѓународни организации, покажуваат дека бремените жени кои седат правилно во седиштето зад воланот и се оддалечени на безбедно растојание од воздушните перничиња, тогаш, во такви ситуации, воздушните перничиња се во функција на поголема безбедност на мајката и бебето.

Во случај на сообраќајна незгода,  сите бремени жени задолжително треба да посетат лекар, дури и ако се сигурни дека не се повредени. Иако не е научно потврдено, некои студии покажуваат дека ризикот за предвремено породување кај бремените жени кои учествувале во сообраќајна незгода, е многу поверојатен.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата препорачуваат, а воедно и упатуваат еден голем апел до сите бремените жени-возачи, идни мајки, да се придржуваат колку што можат построго до овие совети и пораки, да внимаваат пред сѐ на личната безбедност, но и на безбедноста на нероденото дете кое го носат во себе.

Адријана Бекир – Член на РСБСП

Најчитани вести