Совети за нега на кожа: Како да ги надмудрите годините?

Стареењето е неминовно, но тоа не значи дека треба да престанете да се смеете или муртите. Внесете неколку ситни измени во својот секојдневен живот и одложете го процесот на стареење.

Одете забрзано 40 минути три пати неделно

Иако спортот е добар за здравјето, сјаен и за кожата, бидејќи ја забрзува размената на кислород. Сепак, одбегнете го трчањето по група подлога бидејќи е поголема осцилацијата на телото горе – доле, па и кожата побрзо се растегнува. Добар избор би била лентата за трчање или скалите. Ако немате време за тоа, секој викенд возете велоспиед по два часа.

Одберете ноќна крема со ретинол

Ништо не ја заглавува кожата и него стимулита производството на колаген и елатин како ретинолот. Но, бидејќи е тој чувствителен на силна сончева светлина, најдобро би било таквите кремида ги нанесувате навечер, пред спиење.

Направете пилинг еднаш неделно

Многу е тешко кожата да се регенерира ако на неа има остатоци од шминка, затоа е важно редовно да ги отстранувате. Ако немате пилинг, може да помешате малку шеќер со млеко за чистење на лицето.

Не конзумирајте „џанк“ храна

Кога сте во помлади години не размислувате на брчките, но кожата се памети, а сметката достигнува подоцна. Газираните пијалоци, помфритот и пијалоците полни со шеќери кои го уништуваат колагенот и еластинот, чуварите на нејзината цврстина.

Практикувајте ментални ботокс

Секој ден затворете ги очите и сконцентрирајте се на мускулите на лицето. Полека опуштајте ги еден по еден замислувајќи ги дека работите на ботокс третман. Фокусирајте се на регијата меѓу веѓите, околу очите и усните. Држете ја устата благо отворена. Не изгледа многу сериозно – но делува.

Спијте на сатенска перница

Ова сте го слушнале многу пати досегам но дали навистина сте го направиле? Колу е понежна подлогата има помалку триење помеѓу неа и кожата. Бидете внимателни кога ја бирате перницата, тоа е сепак површина која има осумчаовен контакт со вашето лице.

Навечер пијте цеден сок од портокал

Вашата кожа ќе биде заздравена од стрес и дневното оштетување од сончевите зраци. Витаминот Ц кој го одржи сокот го помага производството на колаген. Тие 74 милиграми витамин Ц можете да ги внесете и со една свежа пиперка, брокула или со половина цитрон. Бидејќи се во прашање минимални количини, можете полено да заспиете.

Избегнете го јо-јо ефектот на тежина

Растегни, затегни, растегни, затегни…би попуштил и џемпер, па зошто да не и вашата кожа. Од четириесетата година кожата не се регенерира толку брзо, дури и ако ја загубите тежината, нема да се врати на место.

Носете XXL очила

Дури и кога сонцето не е јако, неговите зраци ја погодуваат нашата кожа, а ообено онаа тенката и нежната околу очите. За време на купувањето очила проверете дали стаклата имаат УВ заштита и нека ги прекриваат целата регија на подочниците и горните капаци.

Нахранете ја кожата за време на летот

Жените не се свесни каков стрес доживува кожата во авион. Таа останува без кислород и на тој начин многу брзо пропаѓа. Пред влегување во авион, нанесете силна хранлива крема и за време на летот пијте поголема количина вода.

Крема за нега на кожата околу очите нанесете и околу усните

Кожата околу усните е многу тешко да се третира. Затоа е потребно ова регија веќе од дваесет и петатта година да се негува со особено внимание. Избегнувајте екстремно собирање на усните – немојте да пиете со сламка и да пушите цигари.

Конзумирајте лимон и маслиново мало наутро

Кога ќе станете испијте една мешавина од половина лимон и една супена лажичка ладно исцедено маслиново масло – сите антиоксиданси кои ви се потребни се тука!