Магазин

Совети за убавина од Одри Хепберн

Совети за убавина од Одри Хепберн

Кога славната актерка, добротоворка и модна икона Одри Хепберн била прашана дали ќе ги сподели нејзините совети за убавина, еве што кажала:

-За атрактивни усни, говорете љубезно;

-За прекрасни очи, пронајдете го она што е добро кај луѓето;

-За добра линија поделете ја храната со гладните;

-За убава коса, дозволете им на децата да ги провлекуваат прстите еднаш дневно низ неа;

-За добро држење, чекорете со сознанието дека никогаш не сте сами;

– На луѓето, повеќе од нештата им треба обновување, оживување, потврдување, просудување: никогаш не отфрлајте никого;

-Запомнете доколку некогаш ви треба помош, ќе ја најдете на краевите на секоја од вашите раце. Како што растете, ќе откриете дека имате две раце: една да си помогнете себе си, а друга за да им помогнете на другите;

-Убавината на жената не е во облеката што ја носи, во нејзината фигура или фризура. Убавината на жената се огледа во нејзините очи, затоа што тие се вратата на нејзиното срце, местото каде што почива љубовта;

– Убавината на жената не е во нејзината надворешност, туку вистинската убавина на жената се огледа во нејзината душа. Тоа е вниманието што таа несебично го пружа, љубовта што таа ја покажува;

– Убавината на жената се зголемува како што минуваат годините.