Совети за заштеда на енергија

Повеќе практични совети за тоа како да заштедите електирчна енергија беа презентирани во рамки на работилницата за медиумите на тема „Енергетска ефикасност во дистрибутивната мрежа, домувањето и во компаниите“,  која се одржа во организација на ЕВН Македонија, Министерство за економија на РМ и Агенцијата за енергетика на РМ, а во рамки на Платформата за енергетска ефикасност.

Пред присутните своја презентација имаа Директорот на Агенцијата за енергетика на РМ Александар Дуковски, кој говореше на тема „Енергетски контроли: Методологија и имплементација во резиденцијален сектор“ , менаџерот на одржување во Џонсон Мети, Здравко Андонов, претставници од ЕВН Македонија и од Жикол.

Еве неколку практични совети како можеме да заштедиме енергија и да бидеме енергетски ефикасни:

-Одберетe машина за перење на алишта со соодветна големина;

-Големината на ладилникот треба да одговара на потребите на домаќинството;

-Оптималната температура во замрзнувачите е -180 C, а во фрижидерот 50 C;

-Сонцето е светилка на природата. Додека тоа свети не пали ја собната светилка;

-Ладилникот и апаратите за замрзнување со јак изолатор на топлина се можеби поскапи од нормалните, но користат и до 40% помалку електрична енергија;

-Одржувајте пониска температура и во просториите кои не ги користите, од просториите кои ги користите;

-Светилките кои штедат енергија, се всушност поскапи од обичните светилки ама затоа долго траат и штедат електрична енергија;

-Секогаш е потребно да користиме капак на садовите, со тоа го скратуваме времето за готвeње и трошиме помалку енергија;

-Автомобилите на бензин не се енергетски ефикасни и ја загадуваат околината;

-Користете енергетски ефикасни светилки, тие трошат и до 70% помалку енергија од светилките со зажарено влакно, траат и до 10 пати подолго и оддаваат „природно белa“ светлина од која не се напрега видот;

-Навлечените завеси и спуштените ролетни навечер ја чуваат акумулираната топлина;

-Чистете го бигорот од грејачот на бојлерот за топла вода на секои 18 месеци;

Покрај овие корисни совети, во рамки на работилницата беа спомнати уште неколку факти, кои што можеби досега не сте ги знаеле, а тие се:

Енергијата потребна за осветлување на една просторија, може да биде доволна за осветлување на целиот дом. За 1 KW потрошена електрична енергија, можат да се сварат 90 кафиња, да се користи пет часа интернет, да испеглате 11 кошули, да испечете една торта. За една сијалица од 100 вати да свети цела година нон стоп потребни се 876 KW електрична енергија. А за истата да се произведе потребни се 324 килограми јаглен да се изгори, 15 грама ураниум, 64 килограми приороден гас, 1 ветерна турбина. За трипати да се исфенирате, треба да се изгорат 370 килограми јаглен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.