Советите на судии во Управниот суд се повлекоа за да одлучуваат

управен суд

Тужбата на ВМРО- ДПМНЕ се однесува на приговор кој ДИК го уважи откако направи увид во избирачкиот материјал. Членовите на ДИК го разгледаа записникот 16 од ова избирачко место во кој е ставена забелешка за постапката за гласање според која на местото на лицето Фатиме Сулејмани претходно има гласано друг гласач. Членовите на избирачкиот одбор од тоа место заклучиле дека жената сакала да гласа втор пар и не дозволиле повторно да гласа. Од БЕСА тврдеа дека друг гласал на местото на гласачката и по анализата од графолог, приговорот беше уважен.

Тужителот со тужбата го осопорува решението на ДИК поради повреди од формално правен аспект и погрешна примена на материјалното право. Пред се, во тужбата се наведува дека ДИК не требало да постапува по тој приговор бидејќи нема потпис од овластено лице на приговорот. Графолошкото вештачење е извршено од лице кое не било овластено, како и дека вештечењето се случило доцна, без претставници на политички партии; како и тоа дека повреда на индивидуално право не може да биде услов за поништување на гласање на цело избирачко место, со тоа што тој глас нема влијание врз резултатите во изборната единица.

Во тужбата за избирачкото место 2011 во Теарце СДСМ, пак, го оспорува тоа што член на ДИК не гласал иако учествувал во материјалната расправа за приговорот, потоа наведува дека не се совпаѓаат карбонизираниот и оригиналниот записник; ливчињата не се броени едно по едно туку фрлени на маса па броени. СДСМ наведува и дека недостигало едно ливче со сериски број, а избирачкиот одбор вели дека со голо око утврдил дека ливчето било во кутијата.

Се очекува одлуката од вчерашните тужби кои беа разгледани да биде објавена до 19 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.