Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржа буџетот на Општина Центар

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар, го поддржа изгласувањето на буџетот.

„Со ова практично покажуваме дека нашата цел не е блокирање, политички инает и блокада на Градоначалникот на општината, туку напротив реализација на проекти и излегување во пресрет на потребите на граѓаните.Со ова се одземаат сите аргументи и оправдувања на Градоначалникот Жерновски и очекуваме непречена работа и конечно реализација на зацртаното и она што е ветено на граѓаните. Наспроти инаетот и пазарењето кое го прави СДСМ, на секој можен начин и со секој чекор, ние покажуваме транспарентност и со дело покажуваме конструктивност која единствено е во функција на нормалното функционкрање на општината,“ изјави Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.