сабота, 10 декември 2016  |  Вести денес: 5

Советници на Хилари барале дистанцирање на нејзиниот сопруг од кампањата

Во електронската пошта луѓе блиски на Бил и Хилари Клинтон предлагаат поранешниот шеф на државата да биде помалку вклучен во претседателската кампања на својата сопруга поради неговите љубовни афери.

vikiliks-640x294

Последни вести

Интернет страницата „Викиликс“ го објави вториот дел од хакираната електронска пошта, која ја испраќал и примал шефот на изборната кампања на Хилари Клинтон, Џон Подеста, а во која често се споменува поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и неговите вонбрачни скандали.

Во електронската пошта луѓе блиски на Бил и Хилари Клинтон предлагаат поранешниот шеф на државата да биде помалку вклучен во претседателската кампања на својата сопруга поради неговите љубовни афери.

Во мејловите не се наведува целосното име на Бил Клинтон, туку кратенката WJC, која ги означува првите букви од неговото целосно име – Вилијам Џеферсон Клинтон.

– Утрово разменив повеќе мејлови со некого од медиумите, а тоа е некој за кого сигурно си слушнал, кој ми вели дека некои луѓе блиски на Клинтонови сметаат дека сексуалниот живот на WJC би можел да биде штетен за неа, се наведува во електронската пошта од јануари оваа година, која Подеста му ја испратил на блогерот Брент Будовски.

Во друг од мејловите, кои вчера се објавени 2.086, а ги има вкупно околу 50.000, адвокатот кој учествувал во основањето на „Клинтоновата глобална иницијатива“ Даг Бенд наведува дека директорката на Фондацијата „Клинтон“, Лора Грејем се наоѓа „на раб на самоубиство поради стресот околу целиот тој хаос со WJC“.

Бенд во електронска пошта од декември 2011 година, исто така, ја прозвал Челзи, ќерката на Бил и Хилари, бидејќи не ја интересира нејзината улога во проблемите во Фондацијата.

Најчитани вести