Советниците на СДСМ гласаа „за“ населување на мигранти

На денешната седница на општина Битола, советниците на СДСМ гласаа против референдум во нивната општина.

Со ова само се потврди дека советниците од партијата на Зоран Заев го поддржува акциониот план за мигранти на неговата Влада кој предвидува нивно населување во Македонија изградба на станбени објекти за нив, како и бесплатно образование и здравство.

Сепак, советниците на ВМРО-ДПМНЕ издејствуваа во Битола да има референдум. Со 15 гласа ЗА од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и со 9 гласа против од советниците на СДСМ е донесена одлука за распишување на референдум и изјаснување на граѓаните по ова прашање.

Министерката Мила Царовска денеска се појави на седницата на Совет во Битола, но избега од неа за да не одговара на прашањата за мигрантите. Досега неколку пати ги менуваше изјавите за оваа тема.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на министерката и поставуваа прашања за Акциониот план, а дури пред неа и ги покажуваа плановите на Стратегијата која СДСМ сака да ја спроведе и да изгради цели населени места за мигрантите.

Тие дури и ја покажаа скицата на Царовска во која е предвидена изградба на камп кај Меџитлија, болница, згради и маркет.

-Во тој управувачки комитет членува претставникот на Министерството за труд и социјална политика, Дејан Ивковски. Убаво ќе беше да го земете и Дејан Ивковски со вас денеска овде да објасни дали го информирал претседателот на државата за вашите потфати за носење на Стратегијата и Акцискиот план зашто е обврзан според член 19 од Законот со управување со кризи. Дали го информирал воопшто Управувачкиот комитет за кризна состојба на што како Министерство сте обврзани според член 17 од Законот за управување со кризи? И дали на тој начин сте прекршиле закон и сте ја загрозиле безбедносната состојба на Република Македонија?, прашуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците прашаа и дали Националната стратегија значи дека Владата на Зоран Заев планира од јануари 2018 година да ја повлече АРМ од границите и да ги откаже меѓународните полицајци.